Наградата за „малер“ на годината оди кај играч на ПСВ Ајндховен

Искусниот холандски дефанзивец Ник Виргевер дефинитивно е малер на годината. По пет години во дресот на Ајакс, пред почетокот на минатата сезона Виргевер се пресели во редовите на актуелниот шампион ПСВ со една цел, да ја освои титулата во Холандија.

Во изминатите четири години Ајакс завршуваше на второто место, а се чинише дека и оваа сезона ќе бидат вицешампиони, сè до претпоследното коло. Ајакс триумфираше со 4-1 над Утрехт, додека ПСВ загуби на гости кај АЗ Алкмар со минимални 1-0, па така во последното коло Копјаниците ќе влезат со три бода позитива и многу подобра гол-разлика, што значи дека на тимот од „Филипс арена“ ќе им биде потребно чудо да ја одбранат титулата.

И сега во таборот на гигантот од Амстердам се смеат со солзи на зборовите на Вергевер кога потпиша за ривалот.

„Дојдов во ПСВ да освојувам титули, тие знаат како се прави тоа. За победи и трофеи не секогаш е потребно да се игра убав фудбал“, беа зборовите на Виргевер при претставувањето во новиот клуб.

Дојде денот кога зажали што го изјави ова.

- Оглас -

Најнови вести