Наградите од УЕФА за најдобрите во Европа завршија кај шампионот Манчестер сити

Ерлинг Халанд е прогласен за најдобар фудбалер во Европа во изборот кој го организира УЕФА. Халанд наградата ја заслужи со освојувањето на Лигата на шампионите и Премиер лигата, иако во финалето не успеа да се запише во листата на стрелците.

Сосема очекувано, за тренер на сезоната, според УЕФА, е прогласен Пеп Гвардиола, кој со екипата на Манчестер сити ја освои Лигата на шампионите.

Женски тренер на годината е селекторката на Англија, Сарина Вигман, додека најдобра фудбалерка е Ајтана Бонмати од екипата на Барселона, која со репрезентацијата на Шпанија стана светски шампион.

 

- Оглас -

Најнови вести