Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо објави информација дека ФИФА наскоро ќе потврди дека наградниот фонд на Светското клупско првенство кое ќе се игра летово во САД ќе изнесува 1 милијарда долари.
Според Романо, победникот ќе освои парична награда од околу 100 милиони долари, што е многу поголема награда од таа за освојување на Лигата на шампионите.
Светското клупско ќе се игра од 14 јуни до 13 јули и ќе учествуваат 32 клуба (12 од Европа) од шест различни континенти. Многумина негодуваат што ќе се игра во период кога обично фудбалерите одмораат и нема да имаат многу време за одмор и подготовки за следната сезона, но парите се слатки.