-5.2 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

Најнголан: „Мурињо игра здодевен фудбал, а тоа никого не го интересира“

Поранешниот репрезентативец на Белгија, Раџа Најнголан, имаше можност да ги коментира настапите на Рома оваа сезона, но не заборави и да го искритикува поранешниот тренер на Римската волчица, Жозе Мурињо, за кого се чини дека нема некое баш најдобро мислење.

„Според мене, Рома е фаворит во градското дерби. Задоволен сум од настапот против Јувентус и екипата уште еднаш потврди дека со Раниери на чело се движи во вистинска насока. Рома сега изгледа многу подобро за разлика од времето на Мурињо. Неговиот фудбал беше здодевен и никого не го интересираше. Јас никогаш немав видено поздодевен фудбал, навивачите немаше што да видат. Ако имав син и со него гледав меч на Олимпико, ние би заминале на полувремето“, рече Најнголан.

Рома е во серија од 15 натпревари без пораз во Серија А, па така се доближи само на четири бода од четвртата позиција, која води директно во групната фаза од Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести