Најнголан направи пародија од поместувањето на пијалаците на Роналдо и Погба

Потегот на Кристијано Роналдо, кој пред прес-конференција ги тргна шишињата од спонзорот „Кока-Кола“ и порача дека луѓето не треба да го пијат тој штетен сок кој има многу шеќер, туку треба да пијат вода, предизвика бура од реакции. По Роналдо, Пол Погба го направи истото, наводно од религиски причини бидејќи е муслиман, а таа вера забранува алкохол, го тргна шишето со пивото „хајнекен“.

Белгиецот Раџа Најнголан, кој игра за италијанскиот Калјари, на „Инстаграм“ се пошегува со своите колеги и порача: „Ајде да се смееме“. Тој направи монтажа како зборува на прес-конференција и пред него има наредено шишиња од разни алкохолни пијалоци, дури и чист алкохол,  но и „кока-кола“.

 

- Оглас -

Најнови вести