Најатрактивната фудбалерка заработува богатство од секоја објава на Инстаграм

Фудбалерката на Астон вила, Алиша Леман заработува огромна сума на пари и надвор од зелениот терен. Леман веќе подолго време важи за најатрактивната фудбалерка во светот, а тоа знае одлично да го направи преку социјалните мрежи.

Швајцарката по бројот на следбеници на Инстаграм веќе го надмина и нејзиниот прославен сонародник Роџер Федерер и сега заработува одлична сума за секоја нејзина објава на оваа социјална мрежа.

Компанијата за техничка аналитика  Gracenote Nielsen, кога е специјализирана за музички, видео и спортски мегаподатоци и технологии за автоматско препознавање на содржините, направи калкулација за тоа колку Леман заработува на Инстаграм. За секоја објава на фудбалерката на социјалната мрежа, нејзината банковна сметка е побогата за 280.000 евра.

Освен од социјалните мрежи, Швајцарката веќе подготви и календар за 2024 година со нејзини провокативни фотографии, а секој оној што ќе сака да го има овој календар ќе треба да го плати 70 евра. Таа има и спонзорски договори со голем број на светски познати компании, па дури и да не игра фудбал, Леман сигурно ќе има доволно пари за комотен живот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести