Најатрактивната светска спортистка конечно можеше да се збогати: „Одбив непристојна понуда“

Германската атлетичарка Алиса Шмид, барем според тамошните медиуми, е најатрактивната спортистка во светот. Таа чесно се жали по медиумите дека малку заработува, а сега откри дека одбила непристојна понуда од шест цифри и можност конечно да се збогати.

„Пред два месеца добив понуда од познат светски бренд, но не бев сигурна 100% за она што го бараат од мене. Не се чувствував пријатно, иако се работеше за шестцифрена заработка само за една кампања“, вели Шмид.

Алиса Шмид во медиумите откри дека за своите успеси добива само 700 евра месечно од државата и дека тешко може да се преживее и од наградите кои ги добива на натпреварите на коишто учествува бидејќи трошоците за тренинг, патување на натпреварите и хотелското сместување се превисоки.

- Оглас -

Најнови вести