На Алексис Санчес не му оди од нога ништо во Манчестер јунајтед, беше еден од најслабите играчи на теренот против Пари Сен Жермен, а интересна најава, или предлог доаѓа од Марк Овермарс.
Директорот на Ајакс вели дека нема да биде изненадување, ако Чилеанецот се врати кај „топчиите“. Лани во јануари Санчес се пресели од Арсенал во Манчестер јунајтед, но не покажа ниту дел од репертоарот.
„Многу го ценам Алексис, но се гледа дека се мачи во Манчестер јунајтед. Нема да биде изненадување ако се врати во Арсенал“, вели Овермарс.
Холанѓанецот одлично ги познава состојбите во Арсенал, играше за тимот од Лондон, па секако нема да биде изненадување, ако најавата, или предлогот за кам-бек на Санчес кај топчиите и се оствари.