Најава од Барселона: Меси уште е млад, ќе добие нов договор

Челните луѓе на шпанскиот првак Барселона размислуваат да му дадат нов договор на Лионел Меси. Аргентинскиот виртуоз има договор со клубот до 2021 година, а според претседателот на Барса, Јосеп Марија Бартомеу, мора да се мисли за задржување на играчот и во следниот период.  Лео моментно има 31 година, а последен пат го продолжи договорот во 2017 година.

„Лионел ги сруши сите граници. Сите му се восхитуваат, дури и противничките навивачи. Ние ќе му понудиме ново продолжување на договорот“, откри Бартомеу. Првиот човек на Барселона вели дека Меси има уште многу што да покаже. „Меси уште е млад. Сите гледаме колку може да постигне. Верувам дека има уште многу успешни сезони пред него“, додава претседателот на Барса.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња дојде во Барселона кога имаше само 13 години и еве речиси две децении е верен на клубот. Откако дебитираше во сениорскиот тим, Меси со Барселона се радувал на 32 големи трофеи, од кои четири во Лигата на шампиони и девет во шпанското првествно. Тој е сопственик на многу рекорди, а еден од рекордите е тоа што е најдобар стрелец во историјата на Барселона со 594 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести