Најава од Србија: Саво Милошевиќ станува тренер на поранешен европски првак!

Српскиот стручњак Саво Милошевиќ, кој дел од играчката кариера ј мина во Астон вила, од следната сезона се враќа таму, овојпат како тренер на овој клуб. Според информации од Србија, Милошевиќ од Партизан ќе се пресели во клубот од Бирмингам, кој во 1972 година беше европски шампион, а ако тоа се оствари, Саво ќе биде вториот Србин кој работел во премиерлигашки клуб по Славиша Јокановиќ, кој во минатото го водеше Фулам.

Наследник на Милошевиќ на клупата на Партизан треба да биде Вук Рашовиќ. Сепак, за да добие договор од Астон вила, Милошевиќ треба да исполни еден услов, а тоа е да го освои Купот на Србија следниот месец. Ако замине во Астон вила, ќе има плата од 2,25 милиони фунти, а ќе добие и бонус доколку клубот испадне и го врати во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести