Најава за голеада: Сите четири тима во ЛШ стартуваат во формација 4-3-3

Ливерпул на „Енфилд роуд“ го пречекува Реал Мадрид во реванш-мечот од четвртфиналето од Лигата на шампионите, а домаќините се во мисија да постигнуваат голови. Кралскиот клуб има предност од 3:1 по првиот меч во Мадрид, што значи дека англискиот тим мора да брка победа од минимум 2:0 ако сака да оди во следната фаза.

Очекувано е одлуката на Јирген Клоп да игра офанзивно и во стандардната формација 4-3-3 со Салах, Фирмино и Мане во нападот. Интересно е што и Зинедин Зидан на спротивната страна се реши на офанзивна формација 4-3-3, но јасно е дека Асенсио не е класичен напаѓач.

На Борусија Дортмунд доволно ќе ѝ биде да победи и минамално со 1:0 во реваншот против Манчестер сити, но Граѓаните се тим кој речиси на секој меч погодува, така што и тука може да се очекуваат погодоци. Тренерот Един Терзиќ во формација 4-3-3 ќе се обиде да го збуни противникот, а Граѓаните дека нема да се бранат, потврдува и фактот дека Пеп Гвардиола игра во иста формација 4-3-3.

 

- Оглас -

Најнови вести