1801 Баер Леверкузен – Ајнтрахт (20.30 часот)
Леверкузен освои само еден бод во првите две кола и го смени тренерот Тен Хаг, а тимот од Франкфурт тргна одлично, со две победи и гол-разлика 7-2. Двата меча на Ајнтрахт беа со ГГ и 4+ голови, а и Баер и даваше и примаше голови во двете средби, на кои паднаа вкупно 9 гола. И традицијата на меѓусебните дуели најавува ефикасен меч. Последните шест пресметки им завршувале со три или повеќе голови.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)
1701 Марсеј – Лориен (20.45 часот)
Ова е дуел на два тима кои имаат по три бода по три кола, со тоа што за поранешниот европски првак тој биланс е голем неуспех бидејќи имаа амбиции да му се заканат на ПСЖ во трката за титулата. Марсеј на двете гостувања губеше без да даде гол, но дома тие се поинаква екипа, на новакот Париз ФК му дадоа пет гола. Лориен во минатото коло на крајот на август против Лил прими 7 гола. Лориен пред десет години последен пат си заминал непоразен од „Велодром“.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.80)
1301 Севилја – Елче (21.00)
Кај овој пар од шпанската лига, хиерархијата вели дека домашните ќе победат, но Елче има добар старт и собра 5 бода во првите три кола, за разликата од Севилја, која е подолу на табелата со скромни три освоени во минатото коло. И Севилја и Елче даваа барем по еден гол на сите три меча досега. Верувале или не, Севилја во календарската 2025 година има само една победа на својот стадион, кој некогаш важеше за еден од најжешките терени за гостување.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.93)
1011 Ипсвич – Шефилд ј. (21.00 часот)
Ипсвич тешко го преболе испаѓањето од Премиер лигата, уште не знае за победа по четири кола сезонава во Чемпионшип, а Шефилд е уште послаб, единствен е во лигата без бод, само еден постигнат гол во 360 минути игра. Ипсвич има три бода, над три ремија и ова им е идеална прилика за прва победа. Овие два клуба не играле еден против друг уште од 2019 година, а Ипсвич не знае за триумф над Шефилд јунајтед веќе 14 и пол години.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.70)
1536 Бенфика – Санта Клара (21.15 часот)
Бенфика е на максимални 9 бода по три кола во португалскиот шампионат, во просек постигнува по два гола на натпревар и апсолутен фаворит е против Санта Клара, која во минатото коло (четврто) првпат даде гол сезонава и успеа да победи минимално. Сето ова укажува дека би било изненадување ако Бенфика во Лисабон прими гол од овој ривал, иако Санта Клара дала гол на „Луж“ на пет од последните седум гостувања.
Предлог тип: 1 сигурна (1.74)