Дали е ова најава за нова ера во Арсенал? Најбогатиот човек од Африка, нигерискиот бизнисмен Алико Динготе, посочи дека сака да ги откупи акциите на Арсенал кои ги поседува корпорацијата „Кронки спортс & ентертејмент“. Неговиот план би сакал да го оствари во 2021 година, откако ќе ги заврши мултимилионските проекти на Црниот Континент.
„Тоа е клуб кој би сакал да го поседувам еден ден, но тој план засега не можам да го остварам бидејќи сум преокупиран со проекти со вредност од 20 милијарди долари. Се надевам дека ќе ја завршам таа работа до 2021 година, а потоа ќе видиме како ќе биде“, истакна Динготе.
Инаку, богатството на нигерискиот тајкун е пресметано на околу 11 милијарди долари. Неговиот бизнис кој го започна во 1981 година главно се заминава со производство на шеќер, ориз и брашно од прехрамбени производи, додека произведува и цемент.