Најава за прекин на Ел Класико! „Демократско цунами“ има план како да го стори тоа

Уште неколку часа остануваат до стартот на најголемото фудбалско дерби во светот, дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид. Популарното Ел Класико ќе се игра на „Камп ноу“, а покрај фудбалскиот набој, постои и друг вид тензија и неизвесност.

Ова ќе биде Ел Класико со ангажирање на најголем број полицајци и обезбедување. Повеќе од 3.000 припадници на мирот ќе се грижат да нема никакви проблеми. Дуелот првично требаше да се игра во октомври, но поради уличните протести во Барселона, Ел Класико тогаш беше одложено за 18 декември.

И сега тензиите не се целосно смирени. Најавено е дека околу 30.000 демонстранти ќе има пред „Камп ноу“, а се бара начин како да се прекине дуелот. Тајна група под називот „Демократско цунами“ даде интересен начин за тоа како да се прекине мечот. Тие ги повикаа сите гледачи на „Камп ноу“ да понесат со себе гумени топки за на плажа и во еден момент сите заедно да ги фрлат на теренот. На тој начин, барем на кратко ќе биде прекинат мечот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести