Најавата е со ретка фотографија – Пораснаа заедно, утре ќе го играат дербито на Ролан Гарос (Фото+Видео)

Рафаел Надал и Ришар Гаске утре ќе го играат дербито на Ролан Гарос, едно од многуте во тениската кариера на врсниците кои заедно пораснаа, а сега се веќе ветерани на 34-годишна возраст.

Најавата е одлична со ретрофотографија од 1999 година, кога како 12-годишни момчиња за првпат играа меѓу себе во јуниорска конкуренција.

Надал е голем фаворит за нова победа, 17-та по ред на АТП тутнирите во исто толку натпревари против Гаске. Францускиот ас само еднаш успеа да го надигра Рафа, и тоа во меч од Дејвис купот, а билансот на тениските турнири е 16:0 за рекордерот според бројот на титули на Ролан Гарос.

Надал има многу подобра кариера, освои точно 20 гренслем-трофеи, а Гаске нема ниту еден. Рафа е и рекордер на Ролан Гарос со вкупно 13 пехари, што е најмногу во историјата на најшарматниот гренслем што се игра во Париз.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести