Најавата за снежна олуја одложи четири дуели од холандската Ередивизија

Во Холандија утре се очекува снежна олуја, поради што фудбалската федерација реагираше и ги одложи предвидените четири натпревари кои беа закажани за утре.

Дуелите Ајакс – Утрехт, Гронинген – Феенорд, Вилем Втори – Ден Хаг и Венло – Спарта Ротердам од 21-то коло во Ередивизијата нема да се одиграат утре, а за истите допрва ќе се одредуваат нови термини.

Денес се одиграа четири меча од 21-то коло, меѓутоа сите беа преместени во дневниот термин поради што се очекува олујата уште вечерва да ја зафати земјата на Лалињата.

- Оглас -

Најнови вести