Најголемиот трансфер следното лето ќе биде оној на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид. Сепак, овој трансфер ќе биде без обесштетување и Кралевите ќе го добијат францускиот репрезентативец како слободен фудбалер.
Затоа еден од најголемите трансфери се очекува да биде оној на Виктор Осимен од Наполи во Челзи. Клубот од „Стемфорд бриџ“ е подготвен да плати за неговите услуги дури 130 милиони евра, а Наполи нема ништо против да го продаде за оваа сума.
„Веќе одлучив. Сакам да направам чекор напред во својата кариера по завршувањето на оваа сезона. Знам што сакам да правам и кој чекор ќе го направам. Сакам добро да ја завршам сезоната со Наполи и потоа ќе ја објавам мојата одлука“, рече Осимен.
Репрезентативецот на Нигерија со својата изјава го најави заминувањето од Наполи, но без да го открие следниот клуб, но веќе е јасно дека тоа ќе биде токму Челзи.