Лука Јовиќ е новиот напаѓач на Реал Мадрид за следната сезона, тврди шпанскиот весник „Марка“. Јовиќ сезонава блесна во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и веднаш го привлече вниманието на повеќе европски гиганти. „Марка“ на својата насловна страница вели дека веќе се е договорено и дека „Јовиќ е новата 9-ка“ во дресот на Реал Мадрид за следната сезона.
Србинот моментно е играч на Бенфика, но е на позајмица во Ајнтрахт. Германскиот тим има можност да го отпупи договорот, што сигурно и ќе се случи, па потоа веднаш и ќе го продаде. Ајнтрахт ќе даде 12 милиони евра за да го откупи договорот, а потоа се очекува да го продаде за дури 70 милиони евра на Реал Мадрид. Ако успее овој договор, тоа значи дека Ајнтрахт за многу кратко време ќе успее во својата каса да добие плус од речиси 60 милиони евра благодарение на одлични те игри на српскиот голгетер.
Јовиќ сезонава даде 25 погодоци во 39 меча во сите натпреварувања и би требало да го наследи Карим Бензема, кој со години ја има улогата на прв напаѓач во Реал Мадрид и го носи дресот со бројот 9.