Најавени состави: Чурлинов ќе се врати во стартните 11, Сањол не го менува победничкиот тим

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20:45 часот) на арената „Тодор Проески“ го пречекува националниот состав на Грузија во рамките од третото коло во Лигата на нациите.

Ќе се води битка за првото место во групата 4, каде што нашиот денешен противник е лидер со максимални шест бода, додека Рисовите се втори со два бода помалку.

Најавите се дека селекторот Благоја Милевски ќе го врати Дарко Чурлинов во стартниот состав на десната крилна позиција, која во триумфот над Гибралтар ја покриваше Николов. Останува да се види дали Боби ќе биде прекомандуван во средниот ред или пак Спировски ќе ја задржи позицијата, додека останатите се веќе познати.

Во составот на Грузијците не се очекуваат промени, селекторот Сањол ќе ги изнесе на терен истите 11-мина играчи кои пред неколку дена изборија голем триумф од 5-2 на гостувањето кај Бугарија.

- Оглас -

Најнови вести