Најавени состави: Сонот на Тотенхем е во играта на Сон

Ајакс е на чекор од неверојатен успех. Холанѓаните вечерва ќе се обидат да станат првиот клуб во историјата на Лигата на шампионите кој се изборил за место во финалето откако стартувал во второто квалификациско коло. Некогашниот четирикратен европски првак во добро познат состав ќе се обиде да ја задржи позитивата од 1-0 против Тотенхем.

Единствено до пред почеток на мечот лекарите треба да одлучат дали Нерес ќе биде подготвен да заигра од првата минута или на негово место ќе игра ветеранот Клас-Јан Хунтелар. Нерес се повреди во финалето од Купот на Холандија и овие неколку дена беше под посебен режим на тренинг.

Тотенхем треба да биде посилен од првиот меч. Тоа е така бидејќи по одлежената суспензија, во составот се враќа, Сон Хеунг-мин. Репрезентативецот на Јужна Кореја беше клучен за победата на Тотенхем во двомечот против Манчестер сити во четврт-финалето. Сон даде три од четирите погодоци за лондонскиот клуб на тој двомеч.

Ајакс се надева на ново финале во елитната лига, прво по паузата од 1996 година, додека Тотенхем никогаш не играл во меч за големиот трофеј.

АЈАКС – ТОТЕНХЕМ (21 ч.)

Стадион: „Јохан Кројф арена“ во Амстердам.

Капацитет: 54 990 гледачи.

Судија: Феликс Брих од Германија.

Ајакс: Онана, Мазрауи, Блинд, Де Лихт, Талјафико, Де Јонг, Ван де Бек, Зијех, Шене, Нерес, Тадиќ.

Тотенхем: Љорис, Трипие, Фертонген, Алдервејрелд, Роуз, Сисоко, Ванјама, Ериксен, Али, Сон, Мура.

 

- Оглас -

Најнови вести