Аталанта и Реал Мадрид, односно Менхенгладбах и Манчестер сити, вечерва од 21 часот ќе ја комплетираат првата осминафинална рунда во ЛШ. По овие натпревари ќе ги чекаме реваншите, а се надеваме дека на двата меча ќе биде возбудливо како што беше вчера во победата на Баерн на гости кај Лацио, односно нема да има тврди битки како што беше онаа меѓу Атлетико и Челзи.
Веќе се познати проблемите со бројни повреди на Кралевите. Зидан нема многу избор за да скрпи тим, а најголем хендикеп е што Карим Бензема, клупскиот прв стрелец, не е во можност да ѝ помогне на екипата. На неговото место ќе игра Маријано Дијас, а во нападот ќе му помагаат Асенсио и Винисиус.
Варан и Начо ќе имаат тешка задача против големиот Запата, но и искусниот Иличиќ, а ова е момент за Божицата да го искористи отсуството на дефанзивниот командант на Реал, капитенот Серхио Рамос.
Аталанта – Реал Мадрид
Аталанта: Голини, Толои, Ромеро, Џимсити, Меле, Де Рон, Фрелер, Госенс, Песина, Иличиќ, Запата.
Реал: Куртоа, Васкес, Начо, Варан, Менди, Каземиро, Модриќ, Крос, Асенсио, Винисиус, Маријано.
Гладбах не е во добра форма во пресрет на мечот против неприкосновените Граѓани, кои вечерва ќе атакуваат на 19-та победа во низа во сите натпреварувања. На германскиот состав многу ќе му недостасува повредениот Маркус Турам, младиот офанзивец кој растураше во групната фаза, а напаѓачкиот квалитет кој го покажа против големиот Реал Мадрид.
Гладбах воедно треба многу да се пази од Илкај Гундоган, кој ја игра најдобрата сезона во својата кариера. Граѓаните во текот на сезоната имаа проблеми со повредите на Агуеро и Жезус, меѓутоа головите доаѓаа токму од германскиот играч за врска, кој досега брои 13 погодоци во 27 настапи, од кои 11 му се во Премиер лигата.
Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити
Гладбах: Лајнер, Гинтер, Елведи, Бенсебајни, Крамер, Нојхаус, Волф, Штиндл, Хофман, Плеа.
Сити: Едерсон, Вокер, Дијас, Стоунс, Кансело, Родри, Гундоган, Де Бројне, Фоден, Стерлинг, Жезус.