21.8 C
Skopje
четврток, 24 јули 2025

Најавени тимови: Азар е џокерот на Зидан, Тухел не го менува тимот кој победува

Вниманието на фудбалската јавност вечерва ќе биде насочено кон стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид, каде што Реал го пречекува Челзи (21 часот) во првото полуфинале во Лигата на шампионите.

Кралевите речиси да се комплетираа во пресрет на овој меч со тоа што хендикепот е неиграњето на капитенот Серхио Рамос, како и првиот избор на левата бековска позиција, Ферлан Менди. Зидан има решенија за овие отсуства, а најавите се дека тренерот на Реал подготви подефанзивна стратегија.

Иако се очекуваше искусниот Марсело да застане на своето стандардно место, враќањето на Варан значи и промена во последната линија, па Французинот ќе го брани Куртоа заедно со Милитао, додека Начо ќе игра лев бек. Десно е стандардниот Карвахал, кој по подолго време се врати во составот на Реал, што е голем плус за 13-кратниот европски првак. Крос исто така закрепна навреме, ќе биде во стартните 11 комплетирајќи ја можеби најдобрата средина во моментов заедно со Модриќ и Каземиро.

Џокерот од клупа на Зидан ќе биде Еден Азар. Поранешната ѕвезда на Челзи постепено влегува во натпреварувачки погон, па доколку има потреба, ќе добие шанса да се пресмета против Сините, чии бои успешно бранеше седум години. Нападот е веќе познат со Бензема, Винисиус и Асенсио.

Што се однесува до гостите од Лондон, Томас Тухел не може да смета само на Матео Ковачиќ, ексиграчот на Реал, додека пак нема многу промени во веќе стандардниот состав со кој игра Челзи.

Пред Менди е тројката Аспиликуета, Сила и Рудигер, англиските бекови Џејмс и Чилвел ќе ги чуваат крилните позиции. Средината ќе ја командуваат Жоржињо и Канте, а на Вернер поддршка во нападот ќе му бидат Хаверц и Маунт.

Реал Мадрид – Челзи 

Реал (4-3-3): Куртоа, Карвахал, Варан, Милитао, Начо, Каземиро, Модриќ, Крос, Асенсио, Винисиус и Бензема.

Челзи (3-4-2-1): Менди, Аспиликуета, Тијаго Силва, Рудигер, Џејмс, Чилвел, Жоржињо, Канте, Маунт, Хаверц и Вернер.

- Оглас -

Најнови вести