Најавени тимови: Пеп не го менува победничкиот рецепт, Канте е „џокерот“ на Сините

Манчестер сити при самиот пласман во финалето од ЛШ се истакна како фаворит да го освои трофејот. Впрочем, Граѓаните беа меѓу фаворитите од самиот почеток на оваа сезона, додека Челзи пријатно изненади поминувајќи тежок пат до мечот кој вечерва ќе се игра на „Драгао“ во Порто.

Двете екипи се комплетни во пресрет на финалето, што е добро и за неутралните фудбалски слебденици кои сакаат да ги видат најдобрите играчи од двете страни на теренот.

Најавите се дека Пеп Гвардиола нема да го менува тимот што победува, а ниту тактиката која ја неговаше во текот на целата сезона. Тоа е да игра со „лажна деветка“, односно без класичен напаѓач, иако во составот ги има Серхио Агуеро и Габриел Жезус.

Што се однесува до Челзи, односно Томас Тухел, за него беше важно Н’голо Канте и голманот Едуар Менди да закрепнат на време, што и се случи, па сега и двајцата се најавени како стартери за Сините.

Манчестер сити (4-3-1-2): Едерсон, Вокер, Дијаш, Стоунс, Зинченко, Фернандињо, Гундоган, Бернардо Силва, Фоден, Марез и Де Бројне.

Челзи (3-4-2-1): Менди, Кристенсен, Тијаго Силва, Рудигер, Аспиликуета, Чилвел, Жоржињо, Канте, Пулишиќ, Маунт, Вернер.

- Оглас -

Најнови вести