Европа вечерва го добива новиот фудбалски владетел, ќе биде тоа Баерн Минхен по шести пат, или пак ПСЖ за првпат во клупската историја ќе ја носи континенталната круна.
Баварците поради искуството, но и моментално најдоброто рангирање на УЕФА листата се фаворити, меѓутоа Светците ги имаат фанстастичните Нејмар и Килијан Мбапе, па освен прогнозите на хартија ништо друго не може да ги раздвои двата финалисти.
Екипата на Ханси Флик оствари перфектен учинок на патот до финалето, Баерн има 10 победи на исто толку средби со гол-разлика од 42-8. Предводени од најефикасниот стрелец за оваа сезона во ЛШ, Роберт Левандовски, Баварците целат на прекин на постот од седум години без европска титула.
Флик дури до последните мигови во пресрет на мечот ќе одлучи дали ќе го пушти Џером Боатен во стартниот состав, засега неговиот статус е неизвесен за настап. Останатиот дел од формацијата на германскиот првак нема да трпи промени.
Баерн (4-2-3-1): Нојер, Кимих, Боатенг, Алаба, Дејвис, Тијаго, Горецка, Гнабри, Перишиќ, Милер и Левандовски.
Борусија Дортмунд е единствениот тим кој го совлада ПСЖ оваа сезона. Милионерите ја добија првата осминафинална пресметка со 2-1, меѓутоа Светците до свртеа двомечот, и сега се најдоа во историска битка за титулата.
За Томас Тухел добри вести се враќањето на Марко Верати во вистински момент. Италијанскиот играч за врска играше во финишот од победата над Лајпциг, вели дека е подготвен да го игра целиот натпревар, меѓутоа од стратегот на Светците се очекува да настапи со истиот состав како и против Црвените бикови.
Голманот Кејлор Навас исто така навреме се врати и многу веројатно ќе брани голот на францускиот шампион во Лисабон.
ПСЖ (4-3-3): Навас, Керер, Тијаго Силва, Кимпембе, Бернат, Маркињос, Ерера, Паредес, Ди Марија, Нејмар и Мбапе.ж