Најавени тимови: Валверде менува тактика, Клоп го „скрпи“ нападот

На неколку часа пред почекотот на полуфиналниот реванш меѓу Ливерпул и Барселона во Лигата на шампионите, најавени се составите со кои двете екипи би можеле да истрчааат на теренот на „Енфлид“. Црвените се во големи проблеми, но не само поради резултатот од првиот меч кој заврши со 3-0 во корист на Барселона.

Отсуството на најдобриот играч во Премиер лигата за минатата сезона, Мохамед Салах, како и на Роберто Фирмино и тоа како е голем хендикеп за Јирген Клоп. Германскиот стратег мораше да го „скрпи“ нападот, па се очекува помошници на Садио Мане да му бидат Шаќири и Стариџ. Вчера се појавија информации дека Вирџил ван Дајк од непознати причини го пропуштил последниот тренинг пред овој меч, па засега сè уште е непознато дали и тој ќе отпадне од комбинација за настап.

За разлика од првиот дуел, капитенот Џордан Хендерсон се очекува да стартува од првата минута бидејќи Наби Кејта се здоби со повреда на „Камп ноу“ и ќе паузира до крајот на оваа сезона.

Што се однесува за Барселона, тренерот Ернесто Валверде подготвува мало изненадување. Мало бидејќи нема да биде првпат Каталонците да играат во различна формација од 4-3-3, а вечерва се очекува фудбалерите на шпанскиот првак да бидат поставени во 4-4-2 формација.

Валверде има намера со четворица играчи за врска да ја затвори средината од теренот за Ливерпул да има потешкотии во организацијата на нападите, додека Меси и Суарес како најистурени би чекале шанса за закана од контранапад.

Најавени тимови:

Ливерпул (4-3-3): Алисон, Александер-Арнолд, Матип, Ван Дајк,  Робертсон, Хендерсон, Фабињо, Милнер, Шаќири, Стариџ, Мане.

Барселона (4-4-2): Тер Штеген, Семедо, Пике, Ленгле, Алба, Роберто, Бускетс, Ракитиќ, Видал, Суарес, Меси.

Дуелот Ливерпул – Барселона на „Енфилд“ ќе започне во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести