Американската тенисерка Даниеле Колинс, која моментно е деветта на ВТА листата, на социјалните мрежи објави дека го промени своето решение да замине во пензија на крајот од оваа година и дека ќе продолжи да игра и во 2025 година.
Во јануари, по поразот од Ига Швјонтек во второто коло на Австралија Опен, Колинс најави дека ќе ја заврши кариерата поради замор од постојаните патувања и желбата да се посвети на семејството. Таа планираше да забремени, но моментално тоа го спречува нејзината здравствена состојба – ендометриоза.
„Справувањето со ендометриозата, која влијае на плодноста, е голем предизвик за многу жени. Ова е нешто со кое активно се борам, но имам целосна доверба во тимот со кој работам. Само ќе трае подолго отколку што мислев“, напиша Колинс, која има освоено четири ВТА титули. Таа веќе во 2019 година откри дека има проблеми со ревматоиден артритис.
Нејзиниот најдобар ранкинг во кариерата беше седмо место на ВТА листата во 2022 година, кога играше финале на Австралија Опен против Ешли Барти и загуби. Ова за неа беше успешна сезона, бидејќи ја започна како 62-ра тенисерка на светската ранг-листа, а потоа напредуваше дури 53 позиции.