15.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Во понеделникот најавивме дека чудото е можно, вечер Вардар треба да го комплетира

Шкендија успеа да направи чудо и да го елиминира некогашниот европски првак ФЦСБ (Стеауа). Македонскиот првак тоа го направи во голем стил затоа што двапати успеа да слави над романскиот гигант.

По победата од 1:0 во Скопје, Шкендија синоќа славеше и во Букурешт со 2:1. Победата на гостински терен има дополнителна тежина затоа што беше направена со пресврт.

ФЦСБ прв даде гол и водеше со 1:0 во 28-мата минута, но само пет минути подоцна Латифи израмни на 1:1. Во финишот на средбата, Крстевски го комплетира чудото откако погоди за 2:1 за победа на Шкендија, а со тоа и да биде добитен коефициентот од 10,75.

Вечерва следува вториот предизвик, а тоа е Вардар да победи на гости кај Лозана. Најтрофејниот македонски клуб на гости во Швајцарија ќе брани предност од 2:1, што значи дека доволно е да не загуби за да оди во следната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Сепак, за да биде добитен тикетот уплатен пред три дена, од оптимист дека Вардар и Шкендија може да направат чудо на гостински терен, сега е потребно скопските Црвено-црни да слават на гости.

Квотата за победа на Вардар сега е уште поголема и од 10, колку што изнесуваше во понеделникот, сега скокна дури на 11.

Тикетот кој е уплатен уште во понеделникот може да го видите ТУКА. 

 

- Оглас -

Најнови вести