Алжирската фудбалска федерација одлучи да го остави селекторот Џамел Белхади на кормилото на репрезентацијата и покрај неуспехот во квалификациите за Мундијалот во Катар.
Алжир и Белхади немаа среќа во двомечот со Камерун и испаднаа на драматичен начин со гол примен во 124. минута од продолженијата во реваншот.
https://twitter.com/DZfoot_EN/status/1518247976157728773?s=20&t=oPSFznE9dEokh28pxxP3jg
Популарните Пустински лисици победија на првиот меч на гостински терен со 1:0 и беа големи фаворити за пласман на Светското првенство.
Но, во реваншот во Блида како домаќини загубија со идентичен резултат 0:1 во регуларниот дел, а потоа во драматични продолженија и загубија со 1:2, па беа елиминирани.
Алжир израмни на 1:1 во 118. минута и само секунди ги делеа од пат во Катар.
Но, Камерунците го имаа последниот збор и со голот на Тото Екамби во 124. минута, или четвртата од судиското продолжение постигнаа златен гол за настап во Катар.
Клучно за елиминацијата на Алжир е правилото на ФИФА за гол повеќе постигнат на гости при израмнет вкупен резултат, а на двомечот со Камерун беше 2:2, со два гола на Нескротливите лавови на гостински терен во Блида.