Вкупната квота на петте натпревари кои ви ги нудиме е 38,3.
Коринтијанс – Гојас (00.15 часот)
Коринтијанс четири меча по ред во бразилската Серија А не знае за пораз, а Гојас четири средби едноподруго нема победа. Ова го фаворизира тимот од Сао Пауло, кој на свој терен нема лигашки пораз во 2019 година. Гојас од последните две лигашки гостувања си замина со порази од по 1-6, а на последното гостување кај Коринтијанс во октомври 2015 година, загуби со 0-3.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.65)
Крузеиро – Интернасионал (02.30 часот)
Ова е прв дуел од полуфиналето на бразилскиот куп. Крузеиро е во лоша форма, а плус тоа испадна и од Копа Либертадорес, па психички се паднати. Победа над Интернасионал би ги вратила на посакуваниот пат, но нема да биде лесно. Овие тимови последен пат се сретнаа во мај, кога Интернасионал славеше со 3-1. Статистиката најавува дека нема да има премногу голови.
Предлог тип: 2-3 гола (2.04)
Чикаго скај – Њујорк либерти (02.00 часот)
Кошаркарките од Чикаго се во подобра форма, и иако се соседи на табелата во источната конференција од ВНБА лигата, сепак Скај има четири победи повеќе, што не малку, бидејќи досега се одиграа по 21 меча. На последните пет меча, Чикаго има 4-1, а Њујорк 1-4. Ова е нивен трети меѓусебен дуел сезонава, во првите два победи Небото од Чикаго во мечеви на кои имаше над 170 поени, но овојпат прогнозираме дека нема да биде толку ефикасно.
Предлог тип: 1 & <161.50 (2.55)
Балтимор ориолс – Њујорк јенкис (01.05 часот)
Јенките со победа ќе го задржат првото место во американската лига, и затоа триумфот им е многу поважен, отколку на домашните. Балтимор е претпоследен, и утрово најверојатно ќе го забележи својот трети пораз по ред и петти во последните седум меча. Њујорк има серија од седум победи по ред. Овие два тима меѓусебе играа и синоќа и завчера, а њујорчаните славеа со 9-4 и 9-6. Балтимор дома има црна низа од 16 порази по ред во дуелите со Јенкис.
Предлог тип: 2 (1.45)
Бостон ред сокс – Канзас сити ројалс (01.10 часот)
Ова е дуел на два тима кои не се во добра форма и имаат по четири порази во последните пет натпревари. „Црвените чорапи“ се осми на табелата, Канзас е 13-ти, па затоа и квотите го фаворизираат домашниот тим. Завчера Бостон победи со 7-5, синоќа Ројалс се реваншираше со 6-2, и затоа подобро е да се игра на поени.
Предлог тип: <10.5 (1.92)