10.8 C
Skopje
сабота, 6 декември 2025

Најбизарен момент во светот на фудбалот: Доби црвен картон поради долниот веш (Видео)

Досега невидена ситуација во светот на фудбалот се случи на полуфиналниот натпревар од Суперкупот на Индија помеѓу Гоа и Мумбаи. Започна со црвен картон, и тоа за капитенот на Гоа, а причината беше долниот веш на фудбалерот.

Икер Гуарочена доби црвен картон уште пред натпреварот да започне, а причината е бизарна.

Пред самиот излез на теренот, во тунелот, дојде до инцидент во кој беа вклучени Гуарочена и главниот судија на натпреварот. Судијата наложи капитенот на Гоа да го смени долниот веш под опремата бидејќи бојата не била соодветна.

Она што требаше да биде мирно, се претвори во хаос, а на крајот судијата му покажа црвен картон на Гуарочена.

„Сите видоа што направи“, рече Пратик Мондал, главниот судија на натпреварот.

Гоа го одигра натпреварот со 11 играчи бидејќи правилата дозволуваат замена на играч кој добил црвен картон пред почетокот на натпреварот.

На крајот, Гоа славеше со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести