Најбизарниот црвен картон во ВАР историјата: Исклучен, па вратен на теренот и повторно исклучен (Видео)

Дуелот од втората шпанска лига меѓу Фуенлабрада и Жирона се најде во центарот на вниманието, но не поради квалитетната игра, туку поради судиските одлуки, односно ВАР системот. Откако беше воведена судиска помош од технологијата, бевме сведоци на најразлични чудни одлуки, но тоа што се случи на дуелот во шпанската втора лига е врвот.

Во 68 минута, домашниот фудбалер Кристобал доби црвен картон поради еден старт со високо крената нога. Кристобал замина во соблекувалната, кога од ВАР собата, арбитрите повторно го гледаа фаулот и одлучија дека сепак тоа не било старт за исклучување, туку само за жолт картон.

Кристобал беше вратен на теренот, но таму остана само уште 20-тина секунди. Само што се врати на теренот, тој влезе во конфликт со Стуани. Двајцата фудбалери се удрија со главите, а судијата мораше повторно да реагира и да им додели жолти картони. За Кристобал тоа беше втор жолт картон, па автоматски значеше исклучување и повторно мораше да се врати во соблекувалната.

 

- Оглас -

Најнови вести