Најбогатиот човек на светот го купува Манчестер јунајтед?

Милијардерот Илон Маск, кој е сопственик на автогрупацијата „Тесла“ и најбогат човек на светот според листата на „Форбс“, на „Твитер“ објави дека има намера да го купи англискиот фудбалски клуб Манчестер јунајтед.

Го прашаа Маск, кој е роден во Јужна Африка, дали во САД ги поддржува Републиканците или Демократите, а тој одговори: „Искрено, ја поддржувам левата страна на Републиканците и десната на Демократите. Исто така, го купувам Манчестер јунајтед“.

Потоа Маск објасни дека само се шегувал.

„Тоа беше стара шега. Не купувам спортски клубови“.

- Оглас -

Најнови вести