Најбогатиот фудбалер во светот итно мораше да заврши во болница

Најбогатиот фудбалер во светот, Фаик Болкијах, доживеа тешка повреда која на подолго време ќе го оддалечи од терените. Фаик е внук на Султанот од Брунеј и настапува во тимот на Ратчабури во Премеир лигата во Тајланд.

Болкијах се повреди откако влезе како замена во второто полувреме на мечот против Полис Теро. Тој заработи скршеница на ногата и итно беше префрлен во болница.

„Денес е најтажен ден. Мојот брат, принцот Фаик Џефри Болкијах се повреди додека играше за нашиот тим. Знам дека моментално си во голем шок и имаш големи болки, но да знаеш дека со тебе сме во секој момент и очекуваме повторно да се вратиш и да постигнуваш голови. Иако со нас си само осум месеци, сигурен сум дека сите во клубот и навивачите те засакаа. Го чекаме денот кога ќе се вратиш посилен од кога било“, беше пораката од претседателот на клубот Ратчабури, Танават Нитиканчана.

Семејството на Фаик има богатство кое се проценува на 20 милијарди евра. Фаик секогаш сакал да биде добар фудбалер. Беше во фудбалската школа на Челзи, потоа во Саутхемптон и Лестер, но никаде не успеа да биде првотимец. Во 2020 година заигра и за Маритимо во Португалија, но и таму не успеа, па замина во Тајланд. Сега ќе го чека подолга пауза поради тешката повреда.

- Оглас -

Најнови вести