Најбогатиот Црногорец го купи Кристал палас

Поранешниот сопственик на Манчестер сити и некогашен премиер на Тајланд, Таксин Шинаватра, почна преговори околу преземањето на клубот Кристал палас. Шинаватра пред 11 години го продаде Сити на група бизнисмени од Абу Даби, а сега сака за 175 милиони евра да стане сопственик на лондонски Кристал палас.

Шинаватра сега живее и работи во Црна Гора и според магазинот „Форбс“, се води како најбогат Црногорец, со богатство од 1,6 милијарди евра. На второто место е семејството на експремиерот Мило Ѓукановиќ, но нема точни податоци за неговото богатство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести