Емили Дакоте на брутален начин ја нокаутираше Даниел Тејлор во првата рунда во борбата за Инвикта шампионска во категоријата сламка. Тејлор која е позната во УФЦ круговите, се најде на под, а Дакоте го прослави својот најголем успех во ММА кариерата и тоа на спектакуларен начин.
Дакоте со десно кроше ја „успа“ Тејлор, која стоеше на нозе со затворени очи, а судијата не го забележа тоа, па Дакоте со хај-кик со нога реши да ја испрати заспаната противничка во хоризонтална положба на подот.
Погледнете го еден од најефектните женски нокаути на сите времиња:
https://twitter.com/i/status/1431473328179580928