11.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Најбрзиот црвен картон во историјата на ЛШ и тоа на дуел меѓу двајцата дебитанти (Видео)

Дебитантите во Лига на шампиони Каират Алмати и Пафос одиграа меч без ниту еден гол, па на крајот освоија по еден бод. За Каират Алмати ова беше прв историски бод во елитното европско друштво, додека Пафос втор пат во третото коло игра 0:0 и веќе има два бода на своето конто.

Освен што немаше погодоци, овој меч го одбележа еден историски момент. Беше доделен најбрзиот црвен картон во историјата на ЛШ. Крилниот напаѓач на Пафос, Жоао Кореа несмасно реагираше и со високо крената нога удри во главата на еден домашен фудбалер. Тој момент може да го видите ТУКА.

Глвниот судија веднаш реагираше и му покажа црвен картон на Жоао Кореа и тоа по само три минути и две секунди од почетокот на средбата. Тоа од денеска е и најбрзото исклучување во Лига на шампиони, превземајќи го приматот на Украинецот Олександер Кучер на мечот одигран во 2015 година меѓу Шахтар и Баерн. Тогаш, Украинецот беше исклучен по само три минути и 59 секунди од почетокот на средбата.

- Оглас -

Најнови вести