21.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Најбрзо доделен црвен картон сезонава во Топ 5 лигите, поминаа само 49 секунди (Видео)

Мечот меѓу Рен и Ленс во шестото коло од француското првенство заврши без погодоци, а гостите треба да бидат многу позадоволни што не загубија. Уште во првата минута Ленс остана со играч помалку, откако црвен картон доби Џонатан Градит.

Искусниот 32-годишен стопер беше последен во одбраната на Ленс, кога мораше да го фаулира Фофан за да сопре контранапад на противникот. Главниот судија Бастиен Дечпеј без многу размислување му покажа директен црвен картон на играчот на Ленс.

Ова беше четврти најбрз црвен картон во историјата на француската Лига 1. Рекордот е Жан-Клер Тодибо, кој во дресот на Ница на 18 септември 2022 година беше исклучен само по девет секунди од почетокот на мечот против Анже.

- Оглас -

Најнови вести