5.8 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Најчудниот фаул во историјата: Со топка го нокаутираше противникот, а онесвестениот играч доби црвен картон (Видео)

На дуелот од втората аргентинска лига меѓу Ланус и Банфилд се случи неверојатна ситуација. Лаутаро Кардозо, играчот на Банфилд, се повреди, и тоа на многу чуден начин.

Кардозо во еден момент се обиде да ја исфрли топката, но таа заврши во лицето Хуан Пабло Крилановиќ. Од силината на ударот, Крилановиќ на кратко се онесвести и неконтролирано падна, и тоа директно врз ногата на Кардозо.

На несреќниот фудбалер му се скрши ногата и мораше на носилки да биде однесен во болница. Крилановиќ, кој несреќно падна врз ногата на противникот, заработи црвен картон.

https://twitter.com/i/status/1504489183011749889

 

- Оглас -

Најнови вести