На натпреварот во женски двојки помеѓу Јелена Остапенко и Вероника Кудерметова против Ализ Корне и Петра Мартиќ се случи еден несекојдневен поен, кој според тениските правила, сепак е регуларен и судијата го призна.
На сервис беше Остапенко и таа требаше да ѝ сервира на Мартиќ, но многу лошо сервираше и топчето заврши далеку од полето на Мартиќ. Сепак, топчето ја удри Корне, која стоеше на другата половина и падна на тревата, по што наместо аут, беше досуден ас.
Сите се чудеа од каде поен за тенисерката која сервираше, но правилото било дека поенот е регуларен бидејќи топчето не било паднато во поле во моментот кога ја удри Корне. Ова предизвика лавина реакции бидејќи кога играте во двојки, може намерно да го гаѓате тенисерот кој е партнер на тој што му сервирате и да освојувате поени.
Остапенко не се извини за чудно освоениот поен, но победа извојуваа Корне и Мартиќ, па имаше некаква правда.
Погледнете го еден од најчудните поени во историјата на тенисот: