Најчудниот поен во тенисот: Топчето го погоди во глава и освои гејм! (Видео)

Малку познатиот грчки тенисер Христос Кеисидис е креатор на можеби најчудниот поен во историјата на овој спорт. На дуел од Про тенис турнирот во бугарскиот град Русе, Кеисидис играше против домашниот тенисер Николај Неделчев.

Гркот сервираше, нападна на мрежа, но во еден момент се сопна и падна. Противникот го удри топчето и кога се очекуваше лесен поен на бугарскиот тенисер, се појави главата на Гркот. Точпето удри во главата на Кеисидис и заврши во полето на противникот, па Гркот освои поен, а со тоа и гејм.

Иако го освои најчудниот поен не само на овој меч, туку можеби во историјата на тенисот, Кеисидис го загуби мечот со 1:6, 4:6.

- Оглас -

Најнови вести