Францускиот дефанзивец Мамаду Сако се наоѓа пред трансфер во Бразил. Искусниот 33-годишен фудбалер кој има и 29 настапи за селекцијата на Франција, ќе потпише договор со тимот на Амазонас. Тоа е екипа која до неодамна играше во третата бразилска лига, а сега ќе биде дел од еден ранг погоре, односно во втората лига.
Се работи за клуб кој очигледно има големи амбиции, затоа што пред само два дена, дресот на Амазонас го облече и некогашниот напаѓач на Манчестер сити, Жо. Искусниот Бразилец има 36 години и големо искуство и освен за Сити, има играно и за ЦСКА Москва, Галатасарај, Коринтијанс и Ал Шабаб.
Seja bem-vindo ao Amazonas, @jo7oficial! 🐆✍🏼
🪪⚽ Com Copa do Mundo no currículo e diversas conquistas por grandes clubes do futebol brasileiro e mundial, centroavante vestirá a amarelinha nesta temporada.#AMFC pic.twitter.com/koR55lKOeX
— Amazonas FC (@oficialamfc) January 5, 2024
Токму доаѓањето на Жо во Амазонас беше причина за и Сако да замине во Бразил и да заигра во втората бразилска лига. Сако во кариерата освен за Ливерпул и ПСЖ има играно и за Кристал палас, а последниот ангажман му беше во Монпелје, каде настапуваше до пред два месеци.