Минатиот петок кога селекторот на Шпанија, Луис Де ла Фуенте го објави составот за претстојните натпревари против Грузија и Турција, во Хетафе очекуваа да биде повикан нивниот играч Луис Милја, но тоа не се случи.
Играчот од средниот ред има извонредна сезона, лидер е по бројот на асистенции (6), бројка со која не може да се пофали ниеден друг поединец од Топ 5 лигите во Европа: Ла Лига, Премиер лигата, Бундеслигата, Серија А и Лига 1.

