Најдобар доказ дека судијата Манцано им ја украде победата на Кралевите (Фото)

Дуелот на поранешните шпански шампиони Валенсија и Реал Мадрид (2:2) во рамки на 27-то коло од Ла Лига имаше неверојатна завршница во која главната улога му припадна судијата Хезус Хил Манцано.

Имено, судијата Манцано означи крај на натпреварот во момент кога нафрлена топка од левата страна од Брахим Дијаз, дојде до Џуд Белингам кој со глава ја смести мрежата.

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа дека судијата Манцано свири за крај на мечот кога топката е во воздух, односно 2-3 секунди пред да налета на неа Белингам и ја смести во мрежата. Тој во тие моменти виде дека Дијас упати центаршут и топката е во воздух, но сепак одлучи да го заврши мечот.

- Оглас -

Најнови вести