Полскиот голман Војќех Шченсни, кој со своите одбрани и два фатени пенали се кандидира за признанието најдобар чувар на мрежа на Мундијалот во Катар, имаше „домашна работа“ по поразот од Франција.
На детето тешко му падна поразот и тоа што татко му прими три гола, па Војќех го прегрнуваше и го смируваше расплаканиот син. Нивната трогателна средба стана хит.
https://twitter.com/i/status/1599485208436559872