Дарио Ивановски, кој завчера наполни 27 години, е првиот македонски спортист кој обезбеди учество на Летните олимписки игри кои ќе се одржат наскоро во Париз, тој е најбараниот спортист периодов и чест е што одвои време да состави хуманитарен тикет во Sport Life.
„Чувството да се биде учесник на Олимписки игри е неверојатно и многу сум возбуден поради овој момент за кој тренирав, живеев и се борев на спортските борилишта. Бидејќи ќе настапам во дисциплината маратон, а таа е мојата омилена од сите останати, тогаш можам да констатирам дека комплетно сум исполнет и среќен поради самиот пласман на ЛОИ 2024. Секако дека мојот настап во Париз ќе биде во рамките на моите максимални можности кои ќе ги поседувам во август 2024 година. Дотогаш останува максимално да бидам фокусиран и да се подготвувам на највисоко ниво за да постигнам висок пласман и резултат под 2 часа и 10 минути“, ни изјави Ивановски, кој вредно работи и тренира со тренерот Игор Јакимовски.
Дарио како нов олимпиец, задоволен е од соработката со Олимпискиот комитет на Македонија.
„Јас сум олимписки стипендист на МОК и имам конкретна и сигурна поддршка од нив. Од Атлетската федерација оваа година, за жал, немам речиси никаква поддршка поради политики кои немаат врска со спортот. Но, тоа не е мој проблем и јас се фокусирам само за постигнување врвен резултат и успех“, додава Ивановски.
НАСКОРО ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО РИМ, КАДЕ ШТО ОЧЕКУВА ВИСОК ПЛАСМАН
Тој потврдува дека кај него има притисок бидејќи со добрите резултати и олимписката норма, и интересот на јавноста се зголеми.
„Притисокот секако дека е присутен. Од една страна ми одговара, но од професионална гледна точка ми претставува и мал проблем бидејќи и да сакам да одговорам на сите заинтересирани медиуми и спортската јавност, јас едноставно тоа не можам да го постигнам бидејќи ме дефокусира од големата цел. Се надевам дека ќе има разбирање од сите, а впрочем за целата комуникација во мојот тим е задолжен мојот тренер и менаџер Игор Емси Јакимовски, кој ажурно им одговара на сите“, објаснува нашиот најдобар атлетичар.
Пред настапот на ЛОИ во Париз, за Ивановски претстои настап на Европското првенство во Рим.
„Ќе се обидам да дадам сè од себе и да постигнам нов национален рекорд во полумаратон. Со самото тоа би требало да се пласирам во горниот дел од листата. Искрено се надевам дека ќе бидам во Топ 10“, вели Дарио.
SPORT LIFE ОДАМНА ГО ПРЕПОЗНА ТАЛЕНТОТ И КВАЛИТЕТОТ НА ДАРИО
Дарио Ивановски следи фудбал колку што му дозволува времето и е навивач на Манчестер јунајтед. Не е од оние што се обложуваат секој ден, но најчесто преку викенди знае да уплати тикет во Sport Life, компанијата која е негов верен поддржувач и одамна го препозна талентот на Дарио.
„Следам фудбал и мојот омилен клуб е Манчестер јунајтед, но немам некоја навика за обложување. Сепак, знам да пополнам едно викенд ливче, пред сè, за забава. Мојата соработка со Sport Life трае 8 години и за тоа е заслужен Игор Јакимовски ,кој ми го обезбеди првиот спонзор во кариерата. Јас сум презадоволен од соработката и секогаш ќе бидам благодарен за сè што има придонесено Sport Life за мене во кариерата“, заклучува неуморниот Дарио, кој состави хуманитарен тикет, кој ако биде добитен, ветува дека парите од добивката ќе завршат на вистинско место.