Најдобар совет на тајмаут: Земете Кока-кола и пуканки (Видео)

Реал Мадрид славеше со 89:79 против Фуенлабрада во меч од 18-тото коло на шпанското првенство. Иако Кралскиот клуб стигна до победата, почетокот на мечот не ветуваше ништо добро за домаќините. Фуенлабрада одлично започна и во еден момент од првата четвртина поведе со 18:11.

Тоа беше знак за тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо, да побара тајмаут, на кој имаше што да им каже на своите играчи. Откако им го подели советите, Ласо на играчите им даде еден совет кој ретко се слуша за време на мечевите. Додека сите играчи молчеа и слушаа, Лаго им рече: „Прашајте нешто. Побарајте Кока-кола, побарајте пуканки, што било.“

По првата четвртина Реал губеше со 27:12, а Ласо кога го виде извештајот од статистиката, едноставно збесна.

https://twitter.com/i/status/1089491452734763009

 

- Оглас -

Најнови вести