Најдобиот стрелец на Волците стана најголем малер, пак се повреди и ќе паузира долго

Раул Хименес воопшто нема среќа и пак е повреден со прогноза дека нема да игра малку повеќе од 8 недели, или над два месеца поради повреда на коленото на пријателскиот меч меѓу Вулверхемптон и Бешикташ.

Прогнозата е дека најдобриот стрелец на Волците во клупската историја што ја минуваат во Премиер лигата е дека ќе ги пропушти првите 8 кола во Премиер лигата.

Тоа ќе биде огромен хендикеп за тимот и нов малер за Хименес, кој претходно имаше застрашувачка повреда на главата поради која беше отсутен од фудбалските терени над 8 месеци.

На мечот со Арсенал на 29 ноември пред две години, во стратотен судер со глави со Давид Луиз настрада Мексиканецот, и тоа тешко.

Раул имаше фрактура на черепот и мина долг процес на заздравување и рехабилитација од 8 месеци, пред да се врати на терен.

Со 36 погодоци тој е најдобриот стрелец на Вулверхемптон откако постои Премиер лигата, односно од 1992 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести