6.8 C
Skopje
недела, 7 декември 2025

Најдобра игра на маестро Миовски во дресот на Ренџерс (Видео)

Македонскиот репрезентативен шпиц, Бојан Миовски, вечерва ги постигна првите два гола за Ренџерс во победата над Килмарнок од 3-0.

Ова е првпат Миовски да постигне два гола на еден меч во дресот на трофејниот шкотски клуб. Со неговите голови потсети на игрите кои ги прикажуваше во Шкотска додека играше за Абердин.

Ренџерс има 6 бода помалку од ривалот Селтик кој има и еден меч помалку. Прекината е мини-серијата од две ремија по ред, Бојан ги врати на победнички пат. Откако даде два гола, Миовски беше повлечен од игра во 76-та минута.

- Оглас -

Најнови вести