Најдобрата екипа во НБА стигна до 18 победа во последните 19 меча (Видео)

Јута џаз не сопира со одличните игри во НБА лигата. Џезерите утрово на свој терен без поголеми проблеми го победија Мајами хит со 112:94 и стигнаа до 18-тата победа во последните 19 средби. Ваква низа Јута немала уште од времето на легендарните Карл Мелоун и Џон Стоктон во 1998 година.

Јута е најдобар тим во лигата и моментно има биланс од 22 победи и само пет порази, а за прв пат по Милвоки во 2019 година, една екипа може да се пофали со 18 победи во 19 дуели. Најзаслужни за новата победа на Јута се Донован Мичел со 26 поени и Бојан Богдановиќ кој додаде 19 поени. Солиден беше и Руди Гоберт со 16 поени. Кај Мајами најпрецизен беше Кендрик Нун со 23 поени.

Бруклин победи на гостувањето кај Голден Стејт со 134:117, во најефикасниот меч одигран утрово во НБА. Кевин Дурант одигра одлично против својот поранешен клуб и даде 20 поени, што беше доволно да биде втор стрелец во победничкиот тим, веднаш зад Ирвинг кој постигна 23 поени.

https://youtu.be/5c9QarluUgk

Во останатите мечеви кои се играа утрово: Њујорк – Хјустон 121:99, Аталанта – Индијана 113:125 и Феникс – Филаделфија 120:111.

- Оглас -

Најнови вести