5.8 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Најдобрата одбрана на Африканскиот куп на нации е во 90+10 минута и значеше разочарување за домаќинот Мароко (Видео)

Репрезентацијата на Мали направи изненадување откако одигра 1:1 против домаќинот на Африканскиот куп на нации, селекцијата на Мароко. Најголема заслуга за тоа што Мали не загуби од големиот фаворит, има голманот Џигуји Диара, посебно со одбраната во 90+10 минута.

Мароканците со сите сили се обидуваа да постигнат втор гол и да стигнат до победата, а по еден центаршут во 100 минута, дефанзивецот на Мали, Кулибали се обиде со глава да ја расчисти опасноста, но неговиот удар значеше директен шут кон голот на Мали.

За среќа на Мали, голманот Диара со неверојатен рефлекс успеа да го одбрани тој удар, кој ќе беше ефектен автогол.

- Оглас -

Најнови вести